Овој извештај ги анализира главните трендови на руската пропаганда, влијание и дезинформации присутни во онлајн просторот во Северна Македонија за периодот јануари-март 2023.

Вкупно 818 статии и 130 Фејсбук постови и Фејсбук содржини кои не се поврзани со статии беа нотирани и анализирани во рамките на овој период на мониторинг. Овие статии беа објавени од страна на 102 портали а на Фејсбук беа споделени и амплифицирани преку 1.969 објави на 299 Фејсбук страници и групи при тоа предизвикувајќи 58.674 интеракции.

Официјални лица од тоталитарни и авторитарни режими како и од оние кои ги негуваат илибералните вредности промовираа анти-САД и анти-ЕУ наративи, меѓу кои руските и кинеските официјални лица го промовираа наративот Мултиполарен свет. Наративот Словенско-Православно братство беше најзастапен и со најмногу интеракции во целиот период, со што продолжи трендот забележан во претходните месеци, во кои активностите на таканаречената руска дипломатија беа со фокус на Православието и други религиозни прашања.

Во споредба со претходните периоди се гледа дека со исклучок на бројот на статии и објави на Фејсбук, сите други категории имаат најсниски вредности од сите претходни квартали. Особено зачудувачки е падот во бројот на интеракции - скоро два пати помал од третиот квартал и дури летири пати помал во споредба со вториот квартал, што може да се припише на намалениот број на интеракции генерално, промената на некои политики на Фејсбук како и помалиот број на интеракции на Фејсбук објавите на статиите од think.mk. Дополнително, овој портал е суспендиран од почетокот на Март.

Просекот на интеракции по објава (пост) е во константен пад - 113,8 (април-јуни 2022), 101,2 (јули-спетември 2023), 38,6 интеракции по објава (октомври - декември 2022) па се до 29.8 за периодот (јануари - март 2023). Исто така, по постојаниот раст во овој квартал забележан е пад на бројот на објави на1.969.

Наративите поврзани со руската инвазија на Украина беа поделени во 4 посебни теми: (1) Настани од руската инвазија на Украина (2) Економски последици од санкциите (3) Закани од Русија и (4) Разно. Поради тоа што некои наративи можат да се класифицираат во повеќе од една тема и следењето на регионалниот контекст покрај војната во Украина, додадена е дополнителна секција која ги опфаќа наративите со регионален контекст.

Во овој извештај трендот од претходниот извештај во кој темата Разно беше една од најзастапените продолжи, со тоа што оваа тема е доминантна во секоја од посебните категории.

Во рамките на овој извештај наративите се обидоа да формираат слика во која Западот ја примора Русија да ја нападне Украина, со зголемено присуство на кинески наративи поврзани со руската агресија врз Украина. Унгарските официјални лица продолжија да се противат на санкциите врз Русија, додека пак од Русија продолжија нуклеарните закани, како и закани кон Молдавија.

Официјални лица од тоталитарни и авторитарни режими како и од оние кои ги негуваат илибералните вредности промовираа анти-САД и анти-ЕУ наративи, меѓу кои руските и кинеските официјални лица го промовираа наративот Мултиполарен свет. Наративот Словенско-Православно братство беше најзастапен и со најмногу интеракции во целиот период, со што продолжи трендот забележан во претходните месеци, во кои активностите на таканаречената руска дипломатија беа со фокус на Православието и други религиозни прашања.

Во рамките на наративите со регионален контекст, тензиите во односите помеѓу Косово и Србија продолжија да бидат високо на агендата на настани како и претекст за промоција на одредени руски наративи кои внесуваат немир во овој мулти-етнички регион преку промовирање на наративот Косово е Србија. Српско-Руското пријателство беше исто така промовирано, додека годишнината од НАТО операциите во Југославија од 1999 беше можност за да се провира наративот НАТО користи радиоактивна муниција.

Настани поврзани со руската инвазија на Украина

Вкупно 229 статии беа анализирани во рамките на оваа тема, Статиите беа објавени од страна на 51 портал и на Фејсбук, споделени и амплифицарани преку 516 постови на 112 Фејсбук страници и групи предизвикувајќи 6.244 интеракции. Бројот на следбеници на овие страници и групи кумулативно изнесува 6.499.758, важно е да се напомене дека оваа бројка не претставува вкупен број на уникатни следбеници на оваа Фејсбук инфраструктура.

Заедничкиот содржател на сите овие активности беше што сите тие беа спроведени во или со официјални лица од авторитарни режими (Русија или Белорусија) како и од Унгарија која во последниот период има сериозни забелешки за слободите кои една либерална демократија треба да ги има, и сите со ист тон се спротивставуваа на политките на ЕУ кон Русија. Другиот елемент е кинеската хипокризија. Имено, додека разговара со руски официјални лица, кинеските претставници испраќаат пораки за почитување на меѓународното прав, суверенитетот на сите земји како и воздржување од агресија кон трети земји - принципи кои токму Русија ги прекрши со не-оправданата агресија врз Украина, која никогаш не беше осудена од страна на Кина.

Во рамките на оваа тема нотирани се два главни наративи кои беа доминантни во текот на овој период на мониторинг: (1) Западот ја принуди Русија да ја нападне Украина и (2) Кинески наративи поврзани со руската агресија на Украина.

Иако наративот Западот ја принуди Русија да ја нападне Украина беше присутен само во првите две недели од февруари, сепак го има највисокиот број на интеракции во рамките на оваа тема. Овој наратив беше промовиран од страна на хрватскиот Претседател Милановиќ дека Русија била провоцирана во периодот 2014-2022 за да отпочне војна. Тој додаде дека ако Русија претрпи пораз преку конвенционална војна тоа ќе значи почеток на нуклеарна војна. Тој заклучи дека тоа што Западот и го прави на Русија е “длабоко неморално“. Иронијата е всушност во тоа што изјавата е дадена за време на настан кој го одбележува испраќањето на хрватски војници како засилување на НАТО во Литванија, токму како одговор на руската инвазија на Украина.

Кинеските наративи поврзани со руската агресија врз Украина беа исто така присутни во февруари 2023 и беа најзастапени во поглед на бројот на објави. Ова се должи на тоа што онлајн информативниот простор во Северна Македонија беше преплавен со статии за дипломатските активности на кинески официјални лица поврзани со руската агресија врз Украина. Заедничкиот содржател на сите овие активности беше што сите тие беа спроведени во или со официјални лица од авторитарни режими (Русија или Белорусија) како и од Унгарија која во последниот период има сериозни забелешки за слободите кои една либерална демократија треба да ги има, и сите со ист тон се спротивставуваа на политките на ЕУ кон Русија. Другиот елемент е кинеската хипокризија. Имено, додека разговара со руски официјални лица, кинеските претставници испраќаат пораки за почитување на меѓународното прав, суверенитетот на сите земји како и воздржување од агресија кон трети земји - принципи кои токму Русија ги прекрши со не-оправданата агресија врз Украина, која никогаш не беше осудена од страна на Кина.

Економски последици од санкциите

Вкупно 20 статии и објави на Фејсбук беа анализирани во рамките на оваа тема. Статиите беа објавени од страна на 19 портали и споделени и амплифицарни преку 54 поста на 51 Фејсбук страници и групи достигнувајќи 1.531 интеракции.

Ова беше најмалку присутна тема во текот на овој мониторинг период. Во рамките на оваа тема единствен наратив е Унгарија не ги поддржува санкциите против Русија, кој беше присутен во текот на втората половина на јануари 2023. Наративот беше промовиран преку изјава на унгарскиот Премиер Виктор Орбан а тоа е дека Унгарија ќе постави вето на санкциите од ЕУ за руската нуклеарна енергија. Украина ја повика ЕУ да ја вклучи руската државна атомска агенција Росатом на листата на санкционирани руски компании, но Унгарија го блокираше овој предлог. Со ова продолжува трендот каде Виктор Орбан е еден од најгласните говорници на Кремљ, особено кога санкциите врз Русија се во прашање. Тој е исто така еден од највлијателните гласови во регионот поради тоа што поседува и контролира неколку медиумски групации во државите од Западен Балкан.

Воени закани од Русија

Вкупно 184 статии беа анализирани. Овие статии беа објавени од страна на 67 портали и на Фејсбук споделени и амплифицирани преку 401 објава/пост на 128 Фејсбук страници и групи предизвикувајќи 5.119 интеракции.

Во рамките на оваа тема имаше нуклеарни закани и закни кон Молдавија упатени од Русија. Нуклеарните закани беа најзастапени и со најголем број на интеракции во рамките на темата а беа присутни во јануари и февруари. Наративот беше промовиран од страна на руски официјални лица како и од страна на сојузници на Русија. Чеченскиот диктатор Кадиров беше присутен со изјави за крај на светот и света војна додека рускиот Патријарх Кирил изјави дека било каков обид за уништување на Русија ќе значи крај на светот. Уште една можност за испраќање на нуклеарна закана беше искористена преку суспендирањето на учеството на Русија во билатералниот НОВ СТАРТ договор за контрола на нуклеарно вооружување, суспензија која е во контрадикторност со наводната волја за де-ескалација на конфликтот.

Заканите кон Молдавија беа втортиот најзастапен наратив присутен во текот на февруари и март. Рускиот Министер за надворешни работи Лавров изјави дека Молдавија може да се најде во улога на “следната Украина“ додека пак прашањето на Транснистрија, кој што е регион на граница со Украина и привремено окупиран од Русија, беше употребено како изговор за ваквата закана. Портпаролот на Кремљ Пешков се закани на властите во Молдавија со изјавата “да бидат многу, многу внимателни“ по прашањето на Транснистрија, додека рускиот Претседател Путин го укина декретот од 2012 кој и даваше на Молдавија делумна автономија да решава за иднината на Транснистрија. Руското Министерство за надворешни работи изјави дека напад на руските сили во Транснистрија ќе биде сметан како напад врз Русија. Русија има распоредено околу 1.500 војници во вој регион кој подржан од Москва за време на Граѓанската војна во 1992 прогласи независност.

Словенско и Православно братство

Наративот Словенско и Православно братство беше најзастапен и со најмногу интеракции во текот на јануари и февруари 2023. Во јануари, новогодишните и православни празници беа злоупотребени за промоција на српски и руски светци и религиозни лица од страна на про-руските гласови во Северна Македонија. Руската пропаганда беше промовирана од страна на членови на про-руската партија Родина. Сепак, највлијателниот случај на кој му припаднаа 25% (15.000) од вкупниот број интеракции во овој период на мониторинг е посетата на рускиот Митрополит Антониј на Северна Македонија, настан кој послужи за спроведување на информациска операција и операција за влијание. Времето на посетата (Нова година и Божиќ) и присуството на високи руски свештеници не беше случајност, туку, добро осмислена и спроведена операција, заради тоа што во овој период од годината граѓаните се повеќе фокусирани на религиозните празници. Посетата на Митрополитот Антониј ја одбележаа неколку настани, со што се овозможи масовна покриеност во медиумите. Беше забележана добро координирана промоција и масовно споделување на статиите, со големо ниво на амплификација од страна на про-руската инфраструктура на Фејсбук.

Сепак, највлијателниот случај на кој му припаднаа 25% (15.000) од вкупниот број интеракции во овој период на мониторинг е посетата на рускиот Митрополит Антониј на Северна Македонија, настан кој послужи за спроведување на информациска операција и операција за влијание. Времето на посетата (Нова година и Божиќ) и присуството на високи руски свештеници не беше случајност, туку, добро осмислена и спроведена операција, заради тоа што во овој период од годината граѓаните се повеќе фокусирани на религиозните празници.

Во февруари, Руската амбасада во Скопје го славеше денот на Руската дипломатија со настан кој беше одржан пред “Рускиот крст“ во Битола проследен со богослужба од страна на свештенството на МПЦ-ОА. Ова го продолжи трендот забележан во претходните периоди во кој активностите на таканаречената Руска дипломатија беа фокусирани на православието и други религиозни прашања. Рускиот Амбасадор во Северна Македонија даде интервју во кое говореше за наводното вековно пријателство со луќето во Северна Македонија, промовирајќи при тоа уште еден стар руски наратив.

Анти-САД наратив

Анти-САД наратив беше нотиран во првите две недели од Марти. Овој наратив беше промовиран од страна на официјални лица на тоталитарни и авторитарни режими. Портпаролот на Кинеското МНР Ванг Венбин изјави дека деструктивното однесување на САД е вистинска причина за загриженост кога станува збор за светскиот мир и стабилност, додека заменикот директор на Одделот за Јавни информации на работничката партија на Северна Кореја Ким Јо Јонг ги обвини САД за поттикнување на криза во светот преку обезбедување на воена помош за Украина. Кинескиот Министер за надворешни работи Чин Ганг изјави дека активностите на САД поврзани со војната во Украина може да имаат “катастрофални последици“. На страна од овие изјави и пораки, Унгарскиот Премиер Орбан отпочна иницијатива со која Европските сојузници би формирале свој воен блок. Орбан во друштво со останатите официјални лица кои доаѓаат од тоталитарни и авторитарни режими обезбеди гласност и поширок опсег на споделување на руските наративи. Aside of these claims and messages,

Мултиполарен свет

Наративот Мултиполарен свет беше најзастапен во текот на целиот мониторинг период според бројот на споделувања на Фејсбук, а беше промовиран во јануари и март 2023. Во јануари, Заменикот претседавач со Советот за безбедност на Руската Федерација Дмитри Медведев шпекулираше со нова воена алијанса која “ќе го врати балансот во светот“. Ова беше проследено со анти-НАТО наратив промовиран преку статија објавена во кинескиот весник Глобал тајмс, носејќи заклучок дека Западот не може да го избегне или игнорира мултиполарниот свет. Глобал тајмс е редовно користен и цитиран од страна на порталите во Северна Македонија и понекогаш е презентиран како кредибилен Западен извор што претставува измама.

Факт е дека Русија со нападот врз Украина ја прекрши Декларација на ОН, па затоа да се изјави дека “сочувувањето на светскиот поредок базиран на меѓународното право и основните норми на меѓународните односи втемелени во целите и принципите на Декларација на ОН“ е хипокризија. Кредибилни извештаи покажуваат дека руската економија покажува негативни показатели со пад во трговијата и растечка инфлација. Изненадувачки, фокусот на покривањето на посетата на Си Џинпинг на Русија, беше токму тој, додека многу малку пораки од Путин од настанот.

Посетата на Си Џинпинг на Русија во март 2023 беше искористена да се промовираат руските наративи дека Русија го почитува меѓународното право и дека Русија и нејзините сојузници се силни. Факт е дека Русија со нападот врз Украина ја прекрши Декларација на ОН, па затоа да се изјави дека “сочувувањето на светскиот поредок базиран на меѓународното право и основните норми на меѓународните односи втемелени во целите и принципите на Декларација на ОН“ е хипокризија. Кредибилни извештаи покажуваат дека руската економија покажува негативни показатели со пад во трговијата и растечка инфлација. Изненадувачки, фокусот на покривањето на посетата на Си Џинпинг на Русија, беше токму тој, додека многу малку пораки од Путин од настанот.

Наративи со регионален контекст

Тензиите помеѓу Србија и Косово продолжија да бидат високо на агендата на настани како и претекст за промоција на некои руски наративи кои поттикнуваат немир во мулти-етничиот регион на Западен Балкан. Во јануари, Претседателот на Република Српска Мирослав Додик го пофали Српскиот Претседател Вучиќ за “доведувањето на косовското прашање од изгубена позиција повторно во фокусот на интерес“. Додик исто така изјави дека Заедница на Српски општини на Косово ќе се претворат во Република Српска на Косово, алудирајќи дека ќе ја има истата позиција како Република Српска во политичкиот систем на БиХ.

Наративот Косово е Србија беше присутен во февруари. Хрватскиот Претседател Милановиќ изјави дека Косово е анексирано и одземено од Србија при што го спореди овој случај со анексијата на Крим, велејќи дека Крим никогаш нема да биде Украински. Од почетокот на војната, руските официјални лица ги промовираа наративите Крим е руски и Донбас е еднаков на Косово, па така изјавите на Милановиќ во целост ги зајакнуваат овие наративи. Набрзо, Министерот за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ ги поздрави овие ставови на Милановиќ.

Одбележувањето на Денот на државноста на Србија и годишнината од воспоставување на дипломатски односи помеѓу Србија и Северна Македонија во текот на Март беа повод за спроведување на информациска операција кои го промовираа противењето на Србија да воведе санкции против Русија, како и тоа дека “Русија има разбирање“ за дека Србија е под огромен притисок да воведе санкции против неа.

На крајот, наративот НАТО користи радиоактивна муниција беше промовиран преку реакции на Руски официјлани лица и сојузници дека Велика Британија ќе и обезбеди на Украина муниција со осиромашен ураниум, доведувајќи го во релација со НАТО операциите во Југославија во 1999. Овој наратив за осиромашен ураниум и радиоактивност е долговечен во Западен Балкан, и е редовно употребуван во дезинформациски цели и кампањи со цел дискредитација на НАТО.

Статистика

ТОП 5 стории според бројот на статии, опсегот и интеракции

ТОП 10 портали според бројот на статии и ТОП 10 Фејсбук страници и групи според бројот на објави/постови (објавени статии)

ТОП 10 портали според бројот на статии или 9.8% оф вкупниот број на портали објавиле вкупно 39.7% оф вкупниот број на статии (325 од 818).

ТОП 15 Фејсбук страници и групи согласно бројот на постови претставува 5% оф вкупниот број на Фејсбук страници и групи во овој извештај. Овие Фејсбук страници и групи објавил 28.1% од вкупниот број на постови (553 од 1.969 постови).

Author Image

FN ТИМ

logo

ФИНАНСИРАНО ОД

sponsor

Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД

ПАРТНЕРСТВО

sponsor
© 2023 F2N2.