За студијата

Студијата се подготвуваше во текот на 2022 и 2023 г. во рамките на програмата „Борба со лажни вести и наративи“ спроведувана од страна на Граѓанската Асоцијација МОСТ започнувајќи од 2019 година. Во рамките на студијата обработени се повеќе од 4.000 статии и повеќе од 10.000 објави на Фејсбук, што ја прави студијата прва од ваков тип во Северна Македонија и пошироко во регионот. Статиите се анализирани со примена на концептот 5Д преку рамката AMITT (Тактики и техники за непријателски дезинформации и влијание).

Студијата е втемелена во научните концепти поврзани со столбовите на руските операции на влијание, концептот на „sharp power“  како и концептот на руска пропаганда кој ги опфаќа обемот, каналите на влијание, фреквенцијата на дезинформациите како и недостаток на објективност. Исто така, студијата се темели и на употребата на јазик и фрази кои кога се известува за војната претставуваат суштинска карактеристика во спротивставувањето на пропагандата, влијанието и дезинформациите.

Целата студија може да ја најдете на овој линк.

Author Image

Росана Алексоска

Програмски менаџер

logo

ФИНАНСИРАНО ОД

sponsor

Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД

ПАРТНЕРСТВО

sponsor
© 2023 F2N2.